Lifestyle

ПО ЖЕЛБАТА НА ТРАМП ГРЕНЛАНД СТАНУВА ПОСАКУВАНА ДЕСТИНАЦИЈА И ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ!

12.03.2025

Откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази интерес за купување на Гренланд од Данска, целото внимание беше насочено кон најголемиот остров на светот.

Овој живописен остров на Арктикот, со население од речиси 57.000 жители, веќе беше популарна дестинација за индустријата за крстарење, а многу бродови избираа градови на Гренланд како пристаништа.

Гренланд стана популарна туристичка дестинација за оние постари патници кои се авантуристи. Бројот на активни патници на возраст над 60 години расте со постојано растечко темпо.

Најдоброто време за посета на Гренланд зависи од тоа што сака да доживее секој турист.

Секоја сезона има свои карактеристики. За постарите патници, летото е често најзгодно време. Зимата може да биде долга, со обилни снежни врнежи и често замрзнати патишта, што може да го отежне движењето и да бара дополнителна претпазливост.

Со отворањето на меѓународен аеродром и новите летови до Нук, патувањето до Гренланд стана полесно. За патниците од САД, ќе биде уште подобро кога United Airlines ќе започне нова рута во летото 2025 година.

На Гренланд има многу активности кои се прилагодени за пребирливите туристи. Патувања со брод низ фјордовите  или меѓу глечерите се многу популарни. За оние кои уживаат во пешачењето, има одлични можности да ја истражуваат природата, пренесува Форбс.рс.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО