Бизнис
ВО ЕВРОПА РАСТЕ ЦЕНАТА НА ЈАЈЦАТА, ИМА НАМАЛЕНА ПОНУДА ПРЕД ВЕЛИГДЕН
12.03.2025
Ширењето на птичјиот грип во Европа и во САД, предизвикува сериозни нарушувања во производството во живинарскиот сектор. Оваа болест продолжува да предизвикува проблеми во Италија, Полска, Франција, Португалија, Германија, Обединетото Кралство и други земји. Недостигот од јајца на пазарот во ЕУ се очекува дополнително да се почувствува пред Велигден, пишува Вечерњи.
Според статистиката на Еуростат, во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, големопродажната цена на јајцата во Белгија е зголемена за 7,9%, додека во декември е зголемена за 15,6%. Во другите земји има значителен пораст на цените: Холандија 15,3%, Полска 12,3%, Франција 2,4%, Шпанија 3,3% итн.
Просечната цена на јајцата во ЕУ во јануари изнесуваше 249,59 евра/100 кг, што е зголемување од 10,3% во однос на претходната година и 5,4% во однос на декември 2024 година. Во Хрватска цената се намали на 242,96 евра/100 кг, со годишен пад од 7,7% и месечно намалување од 1%, пренесува Н1.
фото freepic