Финансии / Банкарство
ТУРСКАТА ЛИРА ПРОДОЛЖУВА ДА ПАЃА ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ
09.02.2025
Турската лира денеска падна на ново најниско ниво во однос на доларот, бидејќи американската валута се продаваше за помалку од 36 лири. Според податоците на порталот Инвестинг, американскиот долар се продаваше за 35,9855 лири. На почетокот на 2023 година доларот се продаваше за приближно 18 турски лири.
Турскиот статистички институт (Туркстат) објави дека годишната стапка на инфлација во јануари во земјата паднала на 42,12 отсто од 44,38 отсто во декември.
Централната банка на Турција (TCMB) на 24 јануари одлучи да ја намали референтната каматна стапка за 250 базични поени на 45 отсто, по идентичното намалување на каматната стапка во декември.
фото freepic