Вести

КАЈ САНТОРИНИ РЕГИСТРИРАН НАЈСИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СЕРИЈАТА ПОТРЕСИ, ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО

06.02.2025

Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран синоќа по 21 часот во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресите во конкретната област продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е што вчера претпладне, во период од 25 минути имаше седум последователни потреси со јачина меѓу 4,1 и 4,8 степени.

Паралелно претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекасна предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот. 

За опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот, предупреди претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас на денешната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на која присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Професорот Лекас објасни дека е висок ризикот од свлечишта по речиси целата должина на падините на калдерата на Санторини, но „опасноста е исто така висок со оглед на овие места има голема концентрација на луѓе најмалку осум месеци во годината“, што всушност се однесува на туристичките локации на островот.

Додаде дека ја мапирале опасноста од лизгање на земјиштето и врз основа на овие податоци пет области со висок ризик: пристаништето и патната мрежа од пристаништето, делови од Иа (Армени и Амуди) старото пристаниште и жичарницата и населбата Корфу.

Професорот по литосфера, сеизмологија и применета геофизика на Универзитетот „Аристотел“ во Солун Костас Папазахос, објасни дека областа на раседот во многу голема мера е пробиена, дека сè уште постојат празнини меѓу епицентрите, што може да доведе до посилен земјотрес, но дека сепак, раседот може да се пробие и со земјотреси со слична големина.

- Сепак, се чини дека сценаријата се подобри, бидејќи површината што е останата е помала и затоа се движиме кон поповолно сценарио. Во секој случај, жителите ќе продолжат да чувствуваат потреси во следниот временски период и треба да останат смирени. Се чини дека ситуацијата се движи кон подобро сценарио во однос на сеизмичката активност, објасни професорот.


 

фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО