Бизнис

ИФО: Царините на Трамп ќе го намалат и американскиот извоз

04.02.2025

Дополнителните царини што ќе ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за Канада, Мексико и Кина може да предизвикаат голема штета на американската економија, покажуваат пресметките на институтот ИФО.

Американскиот извоз би можел да падне и до 22 отсто доколку овие три земји преземат контрамерки во сличен обем, објави минхенскиот институт.

Канада и Мексико би се соочиле со драстичен пад на извозот во САД. На среден рок ќе имаат и негативни последици за индустриското производство.  Според податоците на американската влада, Мексико и Канада се двата најважни трговски партнери на САД, со заеднички удел од речиси 30 отсто од американскиот увоз и извоз. Американските царините најмалку ја погодуваат Кина.

- Кина може полесно да ја пренасочи трговијата отколку САД, Канада и Мексико, кои се многу потесно поврзани со американската економија поради нивната географска локација, посочуваат од Ифо Центарот за надворешна трговија.

Трамп привремено ги одложи планираните царини од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада за 30 дена. Од друга страна, во вторник стапија на сила дополнителните царини од 10 отсто.

Германија, како четврти најголем трговски партнер на САД, би можела да има мала корист од зголемениот извоз, во случај на заострување на трговската војна меѓу САД, Канада, Мексико и Кина, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО