Lifestyle
ВО ЈАПОНИЈА БИЛЕТИТЕ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ СО ДОПИР!
04.02.2025
Голема јапонска компанија за кредитни картички планира да воведе плаќање со допир за билети во јавниот превоз на целата територија на Јапонија.
Оваа одлука треба да биде во функција во 2026 година со цел да го олесни патувањето на странските туристи кои често се одлучуваат да плаќаат во готово или со краткорочни транзитни картички, објави „Јапан тудеј“.
Оваа можност за плаќање ќе ја користат сопствениците на кредитните картички издадена од матичната компанија, но и сопствениците на други картички со што ќе се заменат класичните билети за превоз во автобусите и возовите.
Сега странските туристи се возат во јавниот превоз во Јапонија со купување на билети со чипови. Јапонската компанија развива сензори за картички и на инсталирање на апарати за регистрирање на билети во автобусите и на влезовите на станиците, пренесува „Каматица“.
фото freepic