Бизнис

ПОЛОВИНА МИЛИОН СЕМЕЈНИ ФИРМИ НЕМААТ СООДВЕТНИ НАСЛЕДНИЦИ, просечната возраст на германските менаџери е над 60 години

04.02.2025

Германските компании со средна големина се соочуваат со сериозен предизвик – недостаток на наследници кои ќе ја преземат сопственоста и управувањето. Според истражувањето на Федералната кредитна институција за обнова и развој (KfW), до крајот на 2026 година, дури 560.000 семејни бизниси ќе бараат наследници, додека околу 190.000 од нив ќе го напуштат пазарот поради неможност за пренос на сопственоста.

Висок процент од германските семејни фирми  од 79 проценти немаат соодветен наследник. Претприемачите наведуваат два други клучни проблема: неможноста да се договорат за продажната цена на компанијата и бирократските пречки.

Претприемачите кои бараат наследници во просек имаат 64 години, а третина од сопствениците се постари од 60 години. Покрај семејното наследство, бизнисите се пренесуваат и преку продажба на вработени или надворешни инвеститори, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО