Бизнис
ВО ХРВАТСКА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПРВИОТ „ДИГИТАЛЕН“ ХОТЕЛ БЕЗ РЕЦЕПЦИЈА!
03.02.2025
Во Хрватска ќе биде отворен првиот хотел во регионот во кој нема да има класична рецепција и стандардни хотелски услуги. Хотелот ќе биде отворен во Осијек и ќе има 47 соби и два претседателски апартмани. Вредноста на оваа инвестиција е проценета на 8 милиони евра.
Хотелот ќе го носи називот HOP IN во кој ќе биде применуван автоматизитан и паметен концепт , што на гостите ќе им овозможува брзо пријавување и одјавување преку дигиталните платформи. Угостителскиот персонал ќе биде ангажиран во текот на работното време, додека во другиот дел од денот гостите ќе можат сами да се послужуваат од автомати.
Хотелот ќе користи сопствена енергија од соларните електрани поставени на кровот на објектот, пренесува „Индикатор.ба“.
фото freepic