Бизнис

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

03.02.2025

Од полноќ ќе има нови пониски цени на горивата согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит,  а новата цена изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 ден/кг на  44,672 ден/кг.

 Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95   - 79,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 73,00 (денари/литар)

 - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 72,00 (денари/литар)

 - Мазут М-1 НС - 44,672 (денари/килограм)


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано