Lifestyle
НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ НА МАСЛИНОВОТО МАСЛО
01.02.2025
Користењето на маслиновото масло е здраво и добро за организмот, но за да се задржат неговите својства и квалитет, важно е правилно да се чува.
Експертите советуваат маслиновото масло да се чува на ладно и темно место, подалеку од светлина и топлина, бидејќи овие фактори може негативно да влијаат на неговиот рок на траење.
За да се зачува квалитетот, се препорачува да се купува маслиново масло во темни шишиња, бидејќи тие подобро го штитат маслото од штетното влијание на светлината.
Проѕирните шишиња, од друга страна, пуштаат светлина, што може да ја забрза оксидацијата на маслото и да ја намали неговата хранлива вредност. Многу луѓе мислат дека ставањето маслиново масло во фрижидер може да ја продолжи неговата свежина, ова не е најдобрата опција.
Студот може да предизвика згуснување на маслото, што доведува до намалување на неговата арома и вкус и може да го отежне маслото за употреба.
Рок на траење на маслиновото масло обично е неколку месеци, но најсигурен начин да се препознае лошото масло не е рокот на траење, туку мирисот и вкусот. Доколку забележите дека маслото има непријатен мирис или горчлив вкус, тоа е сигурен знак дека му поминал оптималниот рок на траење, пишува „Кликс.ба“.
фото freepic