Бизнис

ЧЕТИРИДНЕВНАТА РАБОТНА НЕДЕЛА ЈА ПРИФАТИЛЕ 200 КОМПАНИИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

27.01.2025

Двеста британски компании ја потпишаа иницијативата за воведување четиридневна работна недела за сите вработени, без да се намалат нивните месечни плати. Приврзаниците на оваа мера укажуваат дека петдневната работна недела, која е воведена пред сто години во раниот економски период, веќе ја нема својата цел, пренесува „Гардијан“.

- Луѓето имаат 50 отсто повеќе слободно време и можност да посреќен и исполнет живот, изјави Џо Рајли од фондацијата која се залага за четирдневна работна недела.

Оваа одлука до сега ја вовеле 30 фирми пред се од агенциите за макретинг и медиумите, како и 29 организација од невладиниот сектор. Од бизнис секторот се 22 компании, а преовладуваат од ИТ секторот, пренесува Б92.  


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО