Бизнис
СО КУПУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКО ДРЖАВЈАНСТВО ВО ЦРНА ГОРА СЕ ИНВЕСТИРАНИ 250 МИЛИОНИ ЕВРА
26.01.2025
Eфектите од примената на програмата за стекнување со економско државјанство во Црна Гора се дека над две илјади странци од 73 земји купиле црногорско државјанство врз основа на инвестиција од 250 милиони евра и плаќање такси од 74 милиони евра. Црногорските власти ги одби 238 барања, а уште 15 се во различни фази на разгледување. Ова е состојбата која е наведена во информацијата за спроведување на програмата заклучно со 31 декември минатата година, што ја усвои Владата на ЦГ.
На 22 ноември 2018 година, Владата на Душко Марковиќ донесе Одлука за критериумите, начинот и постапката за избор на лица кои можат да стекнат црногорско државјанство со прием за спроведување на Посебната инвестициска програма од особено значење за економските интереси на Црна Гора.
Според оваа одлука, заинтересираниот странски апликант може да стекне црногорско државјанство со прием по посебна програма доколку има депонирано сума од најмалку 450.000 евра на транзициска сметка, заради инвестирање во некој од развојните проекти. во главниот град Подгорица или крајбрежниот регион на Црна Гора, или сума од најмалку 250.000 евра, заради инвестирање во некој од развојните проекти во северниот или централниот регион на Црна Гора.
Поднесувањето на апликациите по оваа програма траеше до 31 декември 2022 година, бидејќи Европската Унија побара таа да се прекине.
По новите барања на ЕУ Црна Гора да го стопира овој проект бидејќи го сметаат за безбедносен ризик, Владата во декември 2021 година го ограничи бројот на барања до крајот на 2022 година.
Во февруари 2022 година, делегацијата на Европската Унија во Црна Гора повторно повика да се укине шемата за економско државјанство, пренесе „Капитал.ба“.
фото freepic