Бизнис

НАЈНИСКА НОЕМВРИСКА ПЛАТА Е ИСПЛАТЕНА ВО ЗАШТИТНИ И ИСТРАЖНИ ДЕЈНОСТИ, просечната нето плата во ноември 41.999 денари

21.01.2025

Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 отсто во однос на ноември, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 отсто, кај Транспортот и складирањето за 12,7 отстои и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 отсто.

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Дејности во врска со недвижен имот и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 63.154 денари.

Највисока плата во ноември е исплатена во дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 96.576 денари, а најмала во Рибарство и аквакултура со 26.290 денари и во Заштитни и истражни дејности од 22.291 денар.

ПРЕПОРАЧАНО