Бизнис

Целта на поткастот „Бизнис клуб“ е да се инспирираат младите претприемачи, изјави Иво Јанковски

20.01.2025

Еден од мотивите за создавање на поткастот „Бизнис клуб“ е да се инспирираат младите претприемачи кои сакаат да почнат со свој бизнис, преку слушање на реални приказни за успех. Исто така, целта е да се охрабрат младите да тргнат по својот пат во нашата држава, а не да одат во странство, посочи продуцентот Иво Јанкоски, денешната прес-конференција на тема „Бизнис клуб Европа – успешна алатка за промоција на младите македонски бизнис лидери и за пристапување кон ЕУ“.

Формирањето на Бизнис клубот „Европа“ е резултат на поткастот „Бизнис клуб“ во кои се селектирани плејада на млади македонски бизнисмени, воедно и како успешна алатка за пристапување кон ЕУ, чии активности ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста и продуктивноста на македонското стопанство кои на одреден среден рок природно би придонеле кон раст на бруто домашниот производ, раст на куповната моќ и доближување на нашата земја до ЕУ. 

Јанкоски информираше дека првата епизода на овој поткаст се емитуваше на 28 ноември минатата година, а потоа секој четврток се емитува нова епизода во 12 часот, на Јутјуб каналот на Стопанската комора. Тој посочи дека до сега имале осум епизоди, во кои гостувале бизнисмени од различни области, како што е градежништво, безалкохолни пиијалоци, онлајн продажба, маркетинг услуги, тутунска индурстрија, машинска индустрија и многу други. Од почнувањето на овој проект во ноември лани имало регистрирани околу 300.000 прегледи што е над очекувањата.

Тој информираше дека планот е со овој поткаст да продолжат понатаму до крајот на првата сезона која ќе се одвива до мај оваа година. Како што најави, во вториот дел од поткастот, покрај македонските бизнисмени ќе гостуваат и балкански бизнисмени.

Проектниот менаџер на Комората, Наташа Јаневска на прес-конференцијата рече дека активностите на „Бизнис клуб“ ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста и продуктивноста на македонското стопанство, што на среден рок допринесува кон раст на БДП, на куповна моќ и приближување на нашата држава кон ЕУ.

- Целта на воведувањето на бизнис клубот „Европа“ ќе биде ЕУ, односно интегрирање во процесите на ЕУ и ќе биде поврзан со прашања од областа на ЕУ, со прашања за градење политики поврзани со Европската Унија, промоција на процесот на пристапување кон ЕУ преку дискусии, тркалезни маси и други форми на дебати.  Важно е тоа што фокусот на бизнис клубот ќе биде насочен кон остварување на цели и приоритети кои ги има Комората, а се поставени во стратегијата за трите најважни цели: извозот, инвестициите и инфраструктурата, рече Јаневска.

ПРЕПОРАЧАНО