Бизнис
ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ГО ИСПРАЗНИ ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР ВО ГЕРМАНИЈА
20.01.2025
Во големите германски градови има се повеќе празен деловен простор, иако многу од компаниите се обидуваат да ги вратат вработените по работењето од дома. Ова е уште еден показател за кризата за домашната економија, оценуваат од агенцијата за недвижности „Џоунс-ЏЛЛ“, која ги анализираше пазарите за недвижности во седум градови во Германија: Берлин , Хамбург, Минхен, Франкфурт, Диселдорф, Келн и Штутгарт.
Сегашните 2,7 милиони квадратни метри деловен простор под закуп се за 30 отсто под просекот од претходната деценија. Неискористениот деловен простор во овие седум градови се зголеми за 6,7 милиони квадратни метри, односно за 6,8 отсто од расположивиот деловен простор. Во 2023 година овој процент изнесуваше 5,8 отсто.
Германските претпријатија бараат мали и корисни простории, кои се погодни за лесно одржување, без да се прават дополнителни вложувања.
Работата од дома стана поприсутно во Германија од периодот на панадемијата, наспроти напорите на големите компании да ги вратат работниците во канцелариите! Некои од компаниите се одлучуваат да ги намалат трошоците за закуп на деловен простор. Институтот ИФО претходно излезе со процена дека поради работата од дома побарувачката за деловен простор во големите германски градови до 2030 година ќе се намали за повеќе од десет отсто, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic