Бизнис
НАД 100.000 МЛАДИ РАБОТНИЦИ „ИСЧЕЗНАА“ ОД ХРВАТСКИОТ ПАЗАР НА ТРУД
19.01.2025
Старосната структура на вработените во Хрватска драстично се менува. Домашните компании и институции во 2008 година вработуваа околу 609 илјади млади до 34 години, но денес бројот на вработените до 34 години е намален на само 497 илјади.
За 16 години од пазарот на труд во Хрватска исчезнале 112 илјади работници, што одговара на бројот на жители на градот Риека. Овој пад не можеше да го замени масовниот увоз на странска работна сила, која главно ја сочинуваат помлади луѓе.
Возрасната структура на странските државјани на кои лани им биле издадени 200.000 работни дозволи никогаш не е објавена.
Денеска во Хрватска има околу 37 илјади вработени помалку млади од 25 до 29 години отколку во 2008 година, 39 илјади помалку од 20 до 24 години и 32 илјади помалку од 30 до 34 години.
- Јасно беше дека демографијата ќе ги одреди нашите трендови на пазарот на трудот, но не очекував толку голем пад на младите кај вработените. Јас сум роден во 1956 година и мојата генерација е најбројна во Хрватска. Таа година се родија 63 илјади деца, а во генерацијата на мојот внук 32 илјади. Ќе имаме многу проблеми, коментира поранешниот министер за труд и пратеник Даворко Видовиќ, пренесува „Пословни.дневник“.
фото freepic