Бизнис
ЦРНА ГОРА ПОДГОТВУВА НОВ МОДЕЛ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПОСТОЈАНИТЕ СEЗOНСКИ РАБОТНИЦИ
18.01.2025
Министерството за труд, вработување и социјален дијалог на Црна Гора планира од 1 мај да воведе нов модел на вработување, кој ќе овозможи поедноставен начин на вработување на работници на сезонски или повремени работни места.
Во работната верзија на предлог-законот се предлагаат мерки за поедноставени вработувања на сезонски и повремени вработувања во одредени стопански гранки, со кој прецизно се уредуваат условите за вакво вработување, правата на работниците, начинот на плаќање даноци и придонеси, како и субвенциите што работодавачите може да ги добијат, пишува „Вијести“.
Конечна верзија се доработува и дека одредени решенија најверојатно ќе бидат до почетокот на новата туристичка сезона.
Во новите прописи се предвидува даноците и придонесите за постојаните сезонски работници и стимулации за нивно ангажирање да се плаќаат од државниот буџет.
фото freepic