Финансии / Банкарство
КОСОВО СО НАЈГОЛЕМ ПРИЛИВ НА ДЕВИЗИ ОД ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ, А МАКЕДОНИЈА СО...
14.12.202
Земјите од Западен Балкан добиваат многукратно повеќе девизни дознаки од земјите членки на Европската Унија во однос на бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоци на Европската статистичка служба.
Податоците за 2023 година покажуваат дека дознаките што пристигнале во Србија биле на ниво од 6,1 отсто од БДП, во Босна и Херцеговина 7,2 отсто, Албанија 5,4 отсто, Црна Гора 4,8 отсто, Македонија 2,2 и во Косово дури 13,4 отсто од БДП.
Во Европската Унија дознаки кои надминуваат еден процент од БДП се забележани само во Хрватска (2,9 отсто), Бугарија (1,5 отсто), Португалија (1,3 отсто) и Романија (1,1 отсто).
Во 2023 година, граѓаните на ЕУ испратија вкупно 50,9 милијарди евра во земјите кои не се членки на ЕУ, односно за осум отсто повеќе од претходната година. Приливот на дознаки во ЕУ изнесува 13,9 милијарди евра, четири отсто поголем од 2022 година.
Во девет земји-членки на ЕУ приливот на дознаки ги надмина одливите, објави „Бета“.
фото freepic