Lifestyle
ГРАД ВО ШВЕДСКА НУДИ МОЖНОСТ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПРИРОДАТА, локалните власти нудат 10.000 круни за првите пет семејства кои ќе се доселат во Лапонија
16.09.2024
Град во Шведска нуди поволни можности за доселување на љубителите на природата и спортските ентузијасти на отворено, а за секој нов жител се нуди 900 евра и друга помош. Гломерстреск е град сместен на северот на земјата, во шведскиот дел на Лапонија. Бројот на жители во ова место во последните децении е во опаѓање, а училиштата се пред затворање поради малиот број на деца. Има само 25 деца во основното училиште, а во 1950 година во местото живееле илјада лица. Сега во селото има само 200 жители. Доколку се затвори училиштето, децата ќе бидат префрлени во соседното место кое е оддалечено 40 километри. Средното училиште е затворено во 2009 година, кога бројот на учениците падна на 18.
Локалните власти нудат 10.000 круни за првите пет семејства кои ќе се преселат во местото. Семејствата треба да имаат деца на возраст од 6 до 15 години.
Граѓаните кои не се од земјите членки на Европската Унија прво мора да имаат дозвола за престој во Шведска.
Која е предноста за евентуалното преселување во Гломерстреск? Претставниците на локалната власт велат дека местото е опкружено со недопрена природа, а има и добри можности за вработување. Технолошкиот центар е оддалечен на еден час возење, а средно училиште има на половина час возење. Во близина се наоѓа градот Лулеа, сместено на морскиот брег во кој има музеи и плажи и до кој се стигнува за два часа, објави „Еуроњуз“.
фото freepic