Lifestyle
АВСТРАЛИЈА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕЦАТА, австралискиот премиер најави дека старосната граница би била меѓу 14 и 16 години
10.09.2024
Австралија планира до крајот на годината да воведе нови закони кои ќе им оневозможат на децата за користење на социјалните мрежи поради ризикот што го имаат на нивното ментално и телесно здравје, изјави австралискиот премиер Ентони Албанез.
Тој најави воведување на пробен период во кој ќе се побара од корисниците на социјалните мрежи да се провери возраста на нивните корицници, пренесува „Хина“.
- Сакам децата и младите да се тргнат настрана од овие платформи. Сакам да ги видиме на фудбалски игралишта, на базени или на тениските терени. Сакам да имаат вистински искуства со реалните луѓе, бидејќи знаеме колку штета носат социјалните мрежи, изјави Албанез, на националната телевизија.
Премиерот на Австралија не прецизираше која е долната граница под која нема да се дозволи користење на социјалните мрежи, но додаде дека таа би била меѓу 14 и 16 години. Повод за ова ограничување е влијанието на сајбер насилството на менталното здравје на децата и лесната достапност на штетните содржини на социјалните мрежи.
До сега неколку земји се обидоа да го ограничат пристапот на малолетниците на социјалните мрежи, но за тоа се појавија правни и технолошки бариери, како што се приватните мрежи кои ги прикриваат локациите.
фото freepic