Lifestyle
ЗОШТО АМЕРИКАНСКО СЕЛО ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ИНФЛУЕНСЕРИТЕ?
05.09.2024
Есента во одредени делови на САД нуди убави погледи на пожолтените лисја на шумите во различни нијанси, кои ги привлекува многу патници во потрага на совршена фотографија која би ја поставиле на своите профили на социјалните мрежи. Оваа појава е позната како „leaf peeping“ и привлекува бројни посетители во северните делови на САД.
Помфрет, мало место во сојузната држава Вермонт, е едно од многуте места кое се гордее со својата природна убавина на флората. Последната година селото стана популарно за бројни посетители, кои го нарушуваат мирот на малата локална заедница од 900 луѓе. Локалните жители побараа забрана за бројните посетители за да можат да го зачуваат своjот идиличен живот, пишува BBC.
Популарноста на ова мало село пред неколку години нагло пораснала, кога сликите од една приватна фарма и имот стануваат вирални на социјалните мрежи. Фотографиите прикажуваат раскошен колорит на бои од црвена, портокалова и кафена вегетација која ја опкружува фармата која постои неколку века. Набргу овој имот станува најфотографираното место во државата во текот на есенските денови.
По реакцијата на жителите, локалната власт одлучува да ги затвори пристапните патишта кои водат до познатата фарма за туристите во периодот од 25 септември до 16 октомври 2024 година. Сепак, жителите нагласуваат дека не се против посетителите, но бараат да се почитува нивниот мирен живот во селото, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic