Lifestyle
НЕ ГИ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ОВИЕ АПАРАТИ, ПОСКАПО ЌЕ ВЕ ЧИНИ! некои од апаратите во домаќинството не треба да се исклучуваат од електричната мрежа
31.08.2024
Доколку често ги исклучуватe домашните апарати за да избегнете високи трошоци за струја, мора да знаете дека тоа може да биде штетно за некои од апаратите. Место да заштедите пари, можете да имате и дополнителни трошоци за поправка на апаратите. Во групата на најризични се: ОЛЕД телевизорите, Wi-Fi рутерите и печатарите, за чие непрекинато напојување со електрична енергија се потребни неколку евра годишно.
Поради одржување на електронската матрица на ОЛЕД телевизорите подобро е да се избегнува често исклучување од електрична мрежа. Кога се во режимот на пауза во овие апарати се вклучува системот за „одржување“. Доколку се исклучи ТВ во овој момент, може да дојде до дефект, пренесува „Екапија“.
При секое исклучување на рутерот се прекинува интернет врската и потребно е повторна реконфигурација, што одзема многу време и енергија. Провајдерот може и да ја намали брзината на интернетот доколку регистрира „системски грешки“ и ги протолкува како технички проблем!
Печатарот на секое ново вклучување троши дополнителна енергија и боја за печатење, а тоа создава и дополнителни трошоци. Подобро е печатарот да биде секогаш вклучен и да се ресетира и чисти на период од неколку месеци.
Индукциотните плочи кај апаратите за готвење се голем потрошувач на енергија. Исклучувањето на овие апарати е нефункционално , но подобро е да се избегнува готвење на највисоките бројки за подесување на температурата, пренесува Б92.
фото freepic