Бизнис

НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ Е ПРОБЛЕМ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ФИРМИ, една третина од рестораните немаат доволно гости

Состојбата со недостиг на нови нарачки во Германија се влошува и станува се поголем проблем за германската економија, е заклучокот на извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во јули 39,4 отсто од анкетираните компании се пожалиле на недостиг од нарачки, што претставува пораст во однос на април годинава кога се изјаснија 38,4 отсто од фирмите.

- Речиси секоја индустрија во Германија е погодена од недостиг на нарачки, изјави Клаус Волрабе, раководител на истражувањето во ИФО.

Процентот на фирмите во преработувачката индустрија кои пријавиле помал број на  нарачки од априлските 39,5 отсто се зголеми на 43,6 отсто во јули. Најлоша состојба е во металопреработувачката и електронската индустрија.

Во автомобилската индустрија 43 отсто од компаниите се жалат за намалените нарачки. Подобра е состојбата во секторот на услуги со 31,2 отсто, но речиси една третина од рестораните во Германија немаат доволно гости, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано