Lifestyle
Во ЕУ речиси 40 милиони луѓе се соочуваат со „празнична сиромаштија“!
03.08.2024
Четириесет милиони луѓе од Европската Унија, или 15 отсто од работоспособното население се соочува со „празнична сиромаштија“ затоа што не можат да си дозволат една недела одмор, покажува студијата на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ).
Во истражувањето се користеле податоци за приходите и за животниот стандард на луѓето во ЕУ на возраст од 18 до 64 години во 20021 и 2022 година, а фокус на анализата било дали луѓето се во можност да одат на еднонеделен одмор. Некои од земјите биле во различна позиција, во Италија имало најголем број на работници кои не можеле да платат за одмор (над шест милиони лица), додека Романија и Кипар имале најголемо учество на работници во однос на вкупното население. Овие проценти се 36 отсто за Романија и 25 отсто за Кипар.
Ирска и Франција забележале највисок скок на бројот на лица кои не можеле да си дозволат платен одмор.
Бројот на луѓето кои не можат да заминат на еднонеделен одмор значително порасна по финансиската криза во 2010 година, но состојбата почна да се подобрува се до пандемијата во 2019 година, кога почнува влошување на трендот.
- Премногу луѓе не можат да ја видат предноста на моќната европска економија во својот секојдневен живот, изјави Естер Линч, генералната секретарка на ЕТУЦ, пренесува „Нова економија“.
фото freepic