Lifestyle
Индија станува најперспективен пазар за луксузните швајцарски часовници
03.08.2024
Вредноста на извозот на швајцарските часовници во Индија во следните четири години ќе над 400 милиони швајцарски франци. Производителите на луксузни часовници во Швајцарија се надеваат во остварување на прогнозите дека со 2026 година бројот на милионерите во оваа земја ќе се зголеми на 1,6 милиони. Дополнително влијание ќе има и традицијата на богатите Индијци да го покажуваат својот општествен статус со купување на најскапи швајцарски часовници, се наведува во анализата на ревизорската компанија „Дилојт“.
Производителите на скапоцените часовници очекуваат да остварат најголем раст на продажбата на пазарот на Индија, многу повеќе од САД. Следат земјите на Блискиот Исток, а потоа се Европа и Кина. Најслаб раст на продажбата на швајцарските часовници се очекува во Африка и Латинска Америка, која има послаб „куповен“ потенцијал од најтоплиот континент!
Има неколку други фактори зошто Индија станува привлечен пазар за швајцарските компании. Тоа е бројноста на индиското населени од кои повеќе од половината жители се помлади од 35 години, расположивиот приход по жител расте, а швајцарските часовници стануваат статусен симбол во оваа земја.
Купувањето на луксузни часовници за индиските граѓани е прескапо затоа што царинската стапка за овие прозводи е 20 отсто. Во март годинава, Индија и Швајцарија потпишаа договор за слободна трговија со кој царините постепено ќе се намалуваат во наредните седум години, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic