Lifestyle

Тропското време во Европа предизвикува топлотен стрес кај луѓето, што е причина за 175.000 смртни случаи!

01.08.2024

Високите температури се причина за најмалку 175 илјади смртни случаи во Европа, а горештините продолжуваат да растат, предупредија од Светската здравствена организација.

Европскиот континент е меѓу регионите во светот кои најбргу се загреваат, со температури кои растат за два пати побрзо од глобалниот просек. Жителите на европскиот регион ја плаќаат највисоката цена , предупреди Ханс Хенри П.Клуге, директор на СЗО, пренесува „Политико“.

- Топлотниот стрес е водечка причина за смртноста предизвикана од климата. Екстремните температури ги влошуваат хроничните  здравствени состојби кај луѓето, кои се сочуваат со кардиоваскуларни и респираторни проблеми, со менталното здравје и дијабетисот, изјави Клуге.

Европскиот регион, според поделбата на СЗО, ги опфаќа 53 земји во Европа и на Кавказот, заедно со земјите од централна Азија (Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан).

Според процените на СЗО, во светот секоја година ( меѓу 2000 и 2019 година)  околу 489.000 смртни случаи биле предизвикани од високите температури. На европскиот регион отпаѓаат 36 отсто од смртните случаи. Во последните две децении бројот на смртни случаи во светот, кои се предизвикани од топлотните бранови  се зголемиле за 30 отсто, пренесува „Нова економија“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано