Lifestyle

Тајланд ќе исплаќа на секој жител по 280 долари за да ја забрза националната економија!

01.08.2024

Тајланд почна со регистрацијата на милиони корисници кои аплицираат за програмата за добивање на финансиска помош, за да се ревитализира втората по големина економија во југоисточна Азија. Пријавувањето се одвива на државната мобилна апликација, која може да се преземе на паметните телефони. Речиси шест милиони луѓе се пријавиле во првите три часа од почетокот на пријавувањето, пренесува „Блумберг“.

Над 50 милиони граѓани на Тајланд постари од 16 години имаат право до крајот на годината да добијат по 10.000 бата (280 долари)  во нивниот дигитален паричник.

Властите очекуваат со овој финансиски план да се зголеми стапката на раст на Тајланд за 1,8 процентни поени. Во изминатата деценија националната економија растела во просек под два отсто на годишни ниво. Од Централната банка очекуваат скромен придонес од 0,9 проценти поени на бруто домашниот производ по реализацијата на целата финансиска помош за граѓаните.  

Исплатата на овие средства имаат клучно значење за опстојување на владејачката коалиција со задоволување на гласачите кои се соочуваат со високи трошоци на живот и со најголема задолженост на домаќинствата во земјите од југоисточна Азија, објави Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано