Lifestyle
Истражување: Главната мета за сајбер напади се телекомуникациите, медиумите и градежните фирми
31.07.2024
Телекомуникациските компании, медиумите и градежните фирми беа главната мета за сајбер напади во првата половина на 2024 година. Најголем број од сајбер нападите се насочени кон телекомуникациските компании.
Во периодот од јануари до јуни 2024 година во секторот на телекомуникациите се забележани 284 сајбер инциденти на секои 10.000 системи, социјалните мрежи и медиумите биле изложени на 180 напади, 179 напади биле во градежниот сектор, 122 напади имало во прехранбената индустрија, а во индустрискиот сектор биле забележани 121 напад, покажува инстражувањето на компанијата Касперски.
Компаниите од ИТ индустријата се на второ место по изложеност на сајбер криминалот со регистрирани 12 критични сајбер инциденти, а во владиниот сектор имало осум критични инциденти во првата половина на 2024 година.
На глобално ново, бројот на сајбер инциденти остана релативно стабилен, со регистриран е мал пад . Но, компаниите и организациите се посветени на јакнење на своите безбедносни мерки по нападите во периодот меѓу 2021 и 2022 година, пренесува РТВ.
фото freepic