Lifestyle

Хрватски град воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани

31.07.2024

Велика Горица кој е шест град по големина во Хрватска  од неодамна воведе бесплатен јавен превоз. Договорот за бесплатен превоз меѓу градските власти и приватната превозна компанија е склучен на седум години.

-  Превозот е бесплатен за сите патници, без разлика на тоа дали се жители или не на Велика Горица, изјавија од Одделението за комунални дејности и промет на Градот Велика Горица.

Вредноста на договорот за извршување на оваа услуга во градскиот јавен превоз изнесува 20,5 милиони евра без ДДВ односно помалку од три милони евра годишно. Висината на градскиот буџет за годинава е на рекордно ниво и изнесува 122 милиони евра, пишува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО