Lifestyle

Во Велика Британија на секои 25 минути се инсталира нов полнач за електрични автомобили

Во Велика Британија во јуни годинава биле инсталирани 930.000 полначи за електрични возила (ЕВ), но поголемиот број од нив се инсталирани во домовите и во деловните простори, а за јавна употреба се достапни 65.000 полначи. На секој 25 минути во Велика Британија се инсталираат по еден нов полнач за ЕВ. 

- Многу возачи се воздржуваат да преминат на користење на електричен автомобил поради стравот дека нема да имаат доволно слободни полначи, но тоа однесување не е оправдано, изјави Вики Рид,  извршната директорка во здружението ЧарџУК.

Британскиот сектор кој е задолжен за поставување на полначи за ЕВ станува главен фактор за ширењето на зелената економија во земјата и обезбедува инфраструктура која ги задоволува потребите на милион возачи на електрични автомобили. На патиштата во Велика Британија се движат 1,1 милион електрични автомобили, вклучително и на 167.000 возила кои се продадени во првата половина од годината. Учеството на продадените ЕВ во вкупната продажба на автомобили во ВБ изнесува 16,6 отсто, пренесува „Гардијан“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано