Lifestyle
Продажбата на книги за економија е во пораст!
04.07.2024
Продажбата на книги за економија и бизнис во последните 10 години бележи континуиран раст, а според податоците заклучно за 2021 година, го достигна десетгодишниот максимум. Во 2021 година се продадени речиси 80 милиони печатени книги од областа на бизнисот и економијата, што претставува раст над 10 отсто во однос на 2020 година. Од книгите за економија и бизнис, (освен книгите наменети за децата), повеќе се печатат книгите со религиозна содржина. Од 2022 година книгите кои се посветени на бизнисот и парите се на трето место според популарноста во категоријата на е-книги. Меѓутоа, од пред две години деловните книги кои се фокусирани на темите за лични финансии и инвестиции забележале најголем пад во продажбата во однос на претходната година.
Во деловните и финансиски книги најчесто се даваат практични совети, анализи за економските трендови или се објавуваат студии за реалниот свет. Меѓу најпродаваните книги до 2022 година е книгата со наслов „Размисли и збогати се“, која е објавена во 1937 година и која е продадена во повеќе од 70 милиони примероци, пренесува „Нова економија“.
фото freepic