Lifestyle

Данска ќе ги оданочи одгледувачите на крави поради емисијата на штетните гасови

27.06.2024

Одгледувачите на стока во Данска од 2030 година ќе плаќаат годишен данок од 672 круни (90 евра) по грло крава поради штетните емисии на гасови кои влијаат глобалното загревање и климатските промени. Коалициската влада во Данска неделава се согласи за воведување на светскиот данок за емисија на јаглерод во земјоделството. Оваа земја е голем извозник на млечни производи и свинско месо, а данскиот земјоделски сектор е најголем извор на емисија на штетни гасови. Целта на коалицискиот договор е исполнување на климатските цели.

-   Ќе бидеме првата земја во светот со земјоделскиот данок на емисија на јаглерод, изјави Ларс Локе Расмусен, министерот за надворешни работи на Данска.

Данската млечна индустрија главно го поддржува овој договор и неговите цели, но некои сточари се противат на воведувањето на овој данок, пишува СНН.

Потегот на данската влада доаѓа неколку месеци по протестите на земјоделците од Европската Унија, кои ги блокираа патиштата како одговор на еколошките прописи и преголемата европска бирократија во земјоделската политика.

Глобалната прехранбена индустрија влијае на климатската криза, произведувајќи околу третина од емисијата на стакленични гасови. Посебно влијание има одгледувањето на стока која во 2015 година учествува со околу 12 отсто од глобалната емисија на гасови. Дел од ова загадување доаѓа од метанот, а кој доаѓа од кравите и некои други животни. Тоа е гасот кој ја загрева планетата.

Данските фармери ќе почнат да го плаќаат данокот од 2030 година, кога ќе изнесува 300 круни (40 евра) по тон емисија на гасови, а во 2035 година износот ќе се зголеми на 750 куни (100 евра). Притоа, ќе се одобруваат и даночни олеснувања од 60 отсто односно ефективниот данок ќе изнесува 120 круни (16 евра) годишно од 2030 година и 300 круни (40 евра) од 2035 година.

Млечните крави во Данска годишно во просек емитуваат 5,6 тони СО2, што би значело дека годишно по една крава треба да се плати данок од 672 круни или 90 евра. Приходите од данокот во првите две години ќе се користат за поддршка на зелената транзиција во земјоделската индустрија, пренесе „Индекс.хр“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано