Lifestyle
Кои бенефиции се нудат за работниците заради поголема продуктивност!
23.06.2024
За привлекување на нова работна сила не е доволно само добрата плата, правото на користење на одмор и платеното здравственото осигурување и затоа компаниите во светот се обидуваат да понудат и други бенефиции за да можат привлечат работници и да постигнат поголема продуктивност. Во истражувањето на „Форбс адвајзор“ за 2024 година се наведува дека 40 отсто од работодавачите веруваат дека работниците ги напуштаат своите работни места за да добијат подобри бенефиции. Исто така, 62 отсто од компаниите ја промениле својата политика на давање поволности за работниците во изминатата година. Повеќе од половина американски работници (околу 54 отсто) изјавиле дека се задоволни од бенефициите што им ги нудат работодавачите. Еден од десет вработени би се согласил за помала плата за да има пристап до други бенефиции, се наведува во истражувањето, пренесува „Бизнис.рс“.
Речиси 40 отсто од вработените меѓу 42 до 57 години се изјасниле дека имаат потреба од платен одмор и повеќе слободни денови. Во САД повеќе од 80 отсто од вработените постари од 42 години бараат здравствената заштита целосно да биде покриена од фирмата. Потоа, на врвот на приоритетите на вработените е да постои и „културна бенефиција“, која е потребна за подобра комуникација и соработка меѓу работодавачот и работникот. Градењето на доверба и тимската работа е важен критериум за 11 отсто од вработените и само за осум отсто од работодавачите.
Истражувањето покажало дека за 31 отсто од работодавачите било важно да понудат бесплатни напитоци за вработените, но за работниците тоа не било толку важно. Работниците повеќе бараат да имаат флексибилно работно време и топол оброк. Работата од дома како бенефиција ја избрале 37 отсто од вработените.
Четиридневната работна недела била важна за 19 отсто од испитаниците, кои сметаат дека во комбинација со другите бенефиции, со тоа би се постигнала рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот на луѓето!
фото freepic