Lifestyle

Samsung Galaxy S24 Ultra го надополнува искуството за пренесување и гледање на Олимписките игри во Париз во 2024 година

18.06.2024г.

Во соработка со Меѓународниот олимписки комитет и Олимпискиот ТВ сервис, технологијата на Samsung Galaxy ќе им овозможи на љубителите на спортот ширум светот нов приказ одблиску на најдобрите светски олимпијци за време на игрите

Samsung Electronics, глобалниот олимписки и параолимписки партнер, најави дека со Меѓународниот олимписки комитет и Олимпискиот ТВ сервис ќе го револуционизира искуството за пренесување на Олимписките игри во Париз оваа година и дека ќе обезбеди сосема ново искуство за гледачите и љубителите на спортот низ светот. Уникатните кадри, кои гледачите ќе имаат можност да ги видат за прв пат, ќе бидат снимени и споделени со телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra, и тие ќе имаат главна улога за време на историското отворање на игрите на реката Сена, како и за време на Олимписките натпревари во едрење.

Како официјален партнер за безжични комуникации и компјутерска опрема на Олимписките и Параолимписките игри, Samsung ќе ја искористи својата напредна мобилна технологија и 5G конекција за да обезбеди директна перспектива на незаборавните моменти на славење и натпреварување. Новиот приказ на натпреварувањето, овозможен со иновативните уреди на Samsung Galaxy, не само што ќе ѝ помогне на Олимпијадата во Париз 2024 година да го исполни ветувањето дека овогодишните ќе бидат најотворените игри во историјата, туку и ќе го надополни наследството на Samsung за поддршка на Олимписките и Параолимписките игри преку иновации.

„Во ова сè повеќе поврзано општество, мобилната технологија Samsung Galaxy помага да се продлабочат и променат односите на корисниците со светот, каде и да се. Како светски партнер речиси три децении, од прва рака знаеме колку е важно да се создадат и овозможат овие важни релации на Олимписките и Параолимписките игри“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), извршен потпретседател и раководител на одделот за маркетинг, Mobile eXperience, Samsung Electronics. „Почестени сме што можеме тесно да соработуваме со Меѓународниот олимписки комитет и Олимпискиот ТВ сервис за да испорачаме висококвалитетни снимки, кои ќе бидат дел од серијата премиери во Париз оваа година, доближувајќи ги возбудливите настани уште поблиску до фановите, без разлика дали се дома или на стадионите.“

Останува само еден месец до свеченото отворање на Олимписките игри, а самиот настан за прв пат во историјата ќе се одржи надвор од стадионот. Во Париз, оваа година ќе пловат 10.500 спортисти по реката Сена, во посебен чамец за секоја национална делегација, и ова ќе биде најотворената и најпристапната церемонија на отворање во историјата. Почнувајќи од мостот Аустерлиц, легендарната регата ќе плови шест километри низ центарот на Париз, поминувајќи покрај некои од официјалните локации на Олимписките игри, сè до локацијата на големото финале, на Трокадеро.

 

Galaxy S24 Ultra им дава на гледачите место во првиот ред на Олимписките игри

За да ги донесе љубителите на спортот од нивните домови директно на стадионите и директно да ги прикаже реакциите на спортистите за време на ова уникатно патување, Samsung ќе го сними свеченото отворање со поставување на повеќе од 200 телефони Galaxy S24 Ultra на клунот и страните на секој од 85-те бродови со спортисти. Висококвалитетните HDR снимки, снимени со уредите Galaxy S24 Ultra, ќе се споделуваат и пренесуваат со помош на приватна 5G мрежа напојувана од Orange, официјалниот добавувач на мобилни мрежи на игрите во Париз оваа година. Orange ќе инсталира повеќе од дванаесет 5G антени долж реката Сена, за да ја создаде првата самостојна 5G мрежа во Франција. Оваа уникатна соработка обезбедува беспрекорно 5G поврзување и искуство за гледање на обожавателите ширум светот.

Samsung ќе ја примени истата технологија за покривање на натпреварите во едрење во Марсеј, поставувајќи Galaxy S24 Ultra на секој брод, и на фановите ќе им овозможи возбудливо искуство од трката од перспектива на нивните омилени олимпијци, за и тие вистински да влезат во акција.

Оваа поставка претставува серија нови предизвици и е резултат на повеќемесечно истражување, развој и тестирање, во тесна соработка со Олимпискиот ТВ сервис и операторот Orange, за да се гарантира квалитет на видео преносот и поврзувањето, на различни водени површини и во различни временски услови, како ветер со големи бранови или екстремно топло и сончево време. Samsung и партнерите се справија со овие предизвици со користење на функциите за оптичка стабилизација на сликата на Galaxy S24 Ultra, зголемување на моќноста на преносот и инсталирање на релејни кули на бродот за да им овозможат на гледачите непречено искуство на преносот во живо.

„Како домаќин на телевизискиот пренос на Олимписките игри, исклучително нè радува партнерството со Samsung, кое ќе овозможи навистина оригинална перспектива од Париз оваа година и еволуција на начинот на кој навивачите ќе ги доживеат игрите“, рече Јанис Егзархос (Yiannis Exarchos), извршен директор на Олимпискиот ТВ сервис. „Најновата мобилна иновација на Samsung ќе им овозможи на милиони гледачи ширум светот да го доживеат и да дишат во духот, акцијата и емоциите на церемонијата на отворање и натпреварите во едрење со нивните омилени спортисти, во реално време.“

 

Долгогодишниот придонес на Samsung во Олимписките игри

Денешното соопштение ја означува следната фаза од долгогодишната посветеност на Samsung на тесната соработка со Меѓународниот олимписки комитет за да се поттикне дигитална трансформација и да се испорача врвна технологија на игрите, носејќи ги најновите мобилни иновации до спортистите, навивачите и заедниците. Почетна точка беше првата програма „Call Home“, која во 1998 година, кога пристапот до мобилни телефони беше сè уште ограничен, обезбеди бесплатни разговори со семејствата ширум светот за речиси 2.500 спортисти. Соработката продолжи со апликацијата Wireless Olympic Works (WOW), првата официјална олимписка информативна услуга за мобилни телефони. Апликацијата WOW најпрво беше достапна за организаторите на Олимпијадата на телефоните Palm OS обезбедени од Samsung за игрите во Атина 2004 година, а во следната верзија лансирана во Ванкувер 2010 година, таа стана јавно достапна и им овозможи на фановите пристап до најновите вести од игрите, директно од олимписките локации на нивните телефони.

Покрај поттикнување на мобилни иновации, Samsung придонесе и за начинот на кој спортистите и персоналот се поврзуваат и комуницираат за време на игрите. Почнувајќи од игрите во Нагано во 1998 година, Samsung ги снабдува спортистите и персоналот со повеќе од 120.000 мобилни уреди.

Повеќе детали за тоа како Samsung ќе ги приближи фановите до спортистите користејќи ги најновите комуникациски технологии во уште една олимписка премиера ќе бидат откриени во наредните недели

ПРЕПОРАЧАНО