Lifestyle

Линијата телевизори и soundbar-звучници на Samsung за 2024 година засилени со вештачка интелигенција ги импресионира рецензентите

14.06.2024г

Neo QLED 8K, Neo QLED 4K, OLED и аудио линијата добиваат рано признание од професионални рецензенти

Samsung Electronics неодамна ја лансираше својата нова линија телевизори за 2024 година засилена со врвна технологија за вештачка интелигенција која обезбедува неверојатни визуелни слики и ја редефинира домашната забава. Рецензентите ширум светот добија ран пристап до најновите производи на Samsung и очигледно е дека линијата за 2024 година предизвикува возбуда кај професионалците во индустријата.

ТВ и аудио линијата на Samsung за 2024 година ги поместуваат границите, нудејќи најсовремени функции и иновации кои ветуваат неспоредливо искуство на гледање. Подолу се дадени неколку клучни моменти од раните рецензии.

Список со рецензии:

[Neo QLED 8K] Expert ReviewsNewsweekTrusted ReviewsWhat Hi-Fi?

[Neo QLED 4K] Expert Reviews

[OLED] NewsweekSound & VisionTechaerisTrusted Reviews

[Music Frame] Techlicious

[HW-Q900D] TechaerisNewsweek

[HW-S800D] Techlicious

Збогатете го вашето искуство на гледање со процесорот NQ8 AI Gen3

Neo QLED 8K  на Samsung за 2024 година е целосен пакет, кој вклучува подобрено зголемување на резолуцијата на 8K, засилен со AI за реален квалитет на сликата. Оваа година Samsung го претстави својот најнов и најиновативен процесор досега, NQ8 AI Gen3. Сместен во 2024 Neo QLED 8K QN900D, тој ги оптимизира и сликата и звукот за да овозможи врвно 8K искуство со единица за невронска обработка двојно побрза од онаа на неговиот претходник. Бројот на невронски мрежи, исто така, е поголем за осум пати, така што без разлика што гледаат корисниците, тие можат да искусат нивоа на детали и јасност блиску до изворната 8K содржина.

Expert Reviews ја пофалија процесорската моќ на QN900D, велејќи: „Новиот процесор NQ8 AI Gen 3 ги внесува своите 512 невронски мрежи во игра, додавајќи досега невидено ниво на потенцијал на слика“. Тие, исто така, ги истакнаа способностите за AI зголемување на резолуцијата на 8K, велејќи: „Оваа моќна единица засилена со вештачка интелигенција извлекува неверојатно ниво на детали без оглед на изворната резолуција и беспрекорно зголемува сè што е под резолуција од 8K за да испорача фино прикажани слики без какви било артефакти на трака или компресија“.

Trusted Reviews, исто така, ги пофалија можностите за зголемување на резолуцијата на Neo QLED 8K QN900D, велејќи: „Количината на детали што единицата може да ја додаде на веќе деталните делови на сликите со 4K е зачудувачка; 4K навистина станува 8K пред ваши очи“. Во рецензијата, исто така, беше наведено: „Неговата блескава осветленост, извонредниот LCD контраст, волуменозната боја и револуционерниот процес на зголемување на резолуцијата докажуваат дека не ви е потребна содржина од 8K за да имате корист од телевизор со 8К“.

Newsweek го означи Neo QLED 8K QN800D како „Избор на уредникот“, истакнувајќи ги придобивките што овој процесор им ги обезбедува на гејмерите наведувајќи: „Гејминг перформансите се одлични со придобивките од зголемувањето на резолуцијата, високите стапки на освежување и режимот на игра засилен со AI“.

What Hi-Fi?, исто така, се осврна на квалитетот на Neo QLED 8K QN900D, велејќи: „Квалитетот на сликата е значително подобрен од сите аспекти во споредба со претходната верзија, што во суштина го издвојува од водечките OLED телевизори за 2024 година и ги редефинира правилата за зголемување на резолуцијата за да нè потсети дека 8K телевизорите сигурно не мора да емитуваат оригинална содржина од 8K за да би се уживало во истата“. (75-инчен QN900D, What Hi-Fi?, 03/2024)

Neo QLED 4K со живописен реализам и динамичен контраст

На Neo QLED 8K за 2024 година се придружи освежената линијата телевизори Neo QLED 4K што го привлекува вниманието на рецензентите поради неговите збогатени функции и искуство на гледање, засилено со процесорот NQ4 AI Gen2.

Expert Reviews го пофалија телевизорот Neo QLED 4K QN95D со AI, велејќи: „Новиот процесор помага да се испорачаат исклучителни AI функции за слики, звук и оптимизација; зголемувањето на резолуцијата и обработката на сликата се одлични и додаваат вредност, како и подеднакво импресивниот приказ на сцени исполнети со акција и засилени со вештачка интелигенција“.

Овогодишниот Neo QLED 4K продолжува да испорачува врвно 4K искуство, подобрено со функции како Real Depth Enhancer Pro и технологијата Quantum Matrix, при што Expert Reviews забележуваат: „Samsung QN95D е фантастичен 4K телевизор кој го задржува Mini LED позадинското осветлување и водечкото во класата локално затемнување од минатата година, но додава врвна обработка на слика за да се добијат некои од најдобрите SDR и HDR слики што ќе ги видите на телевизор со висока класа“.

Извонредна осветленост на OLED базирана на вештачка интелигенција

Портфолиото на OLED телевизори на Samsung за 2024 година, како што е S95D, нуди високо ниво на детали, висока фреквенција на кадри и динамичен екран во големини дури до 77 инчи, надоврзувајќи се на наследството на неговиот претходник.

Овогодишниот OLED доби признание од неколку рецензенти, вклучително и Newsweek, кој го одреди Samsung OLED S95D за „Избор на уредникот“. Techaeris , исто така, го пофали S95D, истакнувајќи: „Генерално, Samsung S95D е најдобриот OLED телевизор што сме го користеле оваа година“, додека Trusted Reviews коментира: „QE65S95D е за нас најдобриот OLED телевизор на Samsung досега, чијшто извонредно тенок дизајн му дава футуристички изглед“.

Samsung OLED го користи процесорот NQ4 AI Gen2, истата моќна сила која стои зад линијата Neo QLED 4K. OLED телевизорите на Samsung можат да се пофалат со функции како што се Real Depth Enhancer и OLED HDR Pro, со што квалитетот на сликата достигнува нови височини. Techaeris го одреди S95D за „Избор на уредникот“ и ја пофали технологијата на зголемување на резолуцијата на Samsung велејќи: „Со процесорот NQ4 AI Gen2 на Samsung и неговото AI зголемување на резолуцијата е секогаш едно од најдобрите“.

За Samsung OLED S95D, кој е 20% посветол од претходните модели, со длабока и богата црна боја и прецизност на бојата засилена со AI, Trusted Reviews рекоа: „Онаму каде што дополнителната осветленост на 65S95D е навистина важна е неговиот контраст, каде што изразеноста на темните и на светлите слики е со интензитет каков што досега не сме виделе“. Sound & Vision дополнително забележаа: „Оваа година Samsung го подобри мапирањето на боите. Тој користи технологија за вештачка интелигенција за да ги анализира и претстави боите поприродно, особено кога станува збор за тонот на кожата“.

Новата OLED Glare Free технологија на Samsung ја зачувува осветленоста и прецизноста на боите додека ги намалува рефлексиите и ја одржува острината на сликата за да обезбеди извонредно доживување при гледањето, дури и на дневна светлина. Во својата рецензија, Sound & Vision забележаа: „Со подобрените нивоа на осветленост и неверојатниот мат дизајн на екранот, Samsung QN77S95D е еден од најубавите тестирани OLED телевизори со највисоки перформанси“. Тие, исто така, му доделија на телевизорот награда „Top Pick“.

Со функциите како што е Motion Xcelerator 144Hz, која обезбедува непречено движење и брзи стапки на реакција, Samsung OLED е уживање за гејмерите. Љубителите на спортот и гејмерите можат да уживаат во непречено движење и кристално јасно дејство на нивните екрани. Sound & Vision го пофалија OLED за ова, велејќи во својата рецензија дека „Кога не се користи за филмови или ТВ, Samsung S95D е исклучителен 4K OLED екран за игри“. Newsweek, исто така, го пофали уредот за неговите гејминг функции и истакна дека „Овој OLED е совршен за филмови и е дел од епската гејминг опрема“.

Создадете имерсивно аудио опкружување во вашиот дом

Аудио линијата на Samsung за 2024 година нуди ново ажурирани модели кои се збогатени со напредни алгоритми за вештачка интелигенција и кои веќе добија значајни признанија за нивниот совршен квалитет на звук и елегантен дизајн.

Новитет за оваа година е Music Frame на Samsung, приспособлив звучник кој обезбедува богат звук и беспрекорно поврзување. Работејќи како самостоен безжичен звучник или поврзан со телевизор на Samsung и soundbar-звучник, овој модел го зголемува басот и нуди висококвалитетен „сараунд“ звук. Во својата рецензија, Techlicious забележаа дека „ Music Frame на Samsung е иновативен и стилски додаток на пазарот на паметни звучници, успешно комбинирајќи функционалност на безжичен звучник со естетска привлечност на приспособлива рамка за слики“, и го одреди уредот за „Избор на уредникот “.

На врвот на линијата на soundbar-звучници е HW-Q990D, кој го анализира звукот и користи вештачка интелигенција за негово оптимизирање, нудејќи совршено искуство во широк спектар на содржини во удобноста во вашиот дом, a Techaeris забележа: „Кога е сè на свое место, не треба да се грижите за ништо друго освен да го пронајдете вистинскиот филм за да ја доживеете полнотата на овој soundbar-звучник“. Слично, Newsweek забележа: „Со 22 звучници и прекрасна комбинација од горни и странични звучници, HW-Q990D е прекрасен начин да уживате во Dolby Atmos звукот додека гледате филмови или играте игри, како и во одличниот „сараунд“ звук кога следите спорт“. Newsweek, исто така, го одреди уредот за „Избор на уредникот“ и ја заокружи рецензијата со изјавата: „Samsung Q990D е најдобриот Dolby Atmos soundbar-звучник што можете да го купите во 2024 година“.

Ултра тенкиот HW-S800D им носи на корисниците подобрено слушање кое е дизајнирано да се вклопи беспрекорно во секој простор со длабочина од само 1,6 инчи. Techlicious го одреди уредот за „Избор на уредникот“, додавајќи дека тоа е „Совршен избор за секој што сака да го надгради звукот на својот телевизор без да го жртвува стилот или просторот“, а „Неверојатно тенкиот S800D го прави гледањето филмови извонредно, а слушањето музика радост.”

Samsung продолжува да го редефинира светот на домашната забава, зајакнувајќи го своето наследство како лидер на глобалниот пазар за телевизори 18 години по ред  и како глобален лидер на светскиот пазар за soundbar-звучници веќе една декада.

За да дознаете повеќе за телевизорите на Samsung за 2024 година, посетете: https://www.samsung.com/mk.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано