Lifestyle
Компаниите од Данска најмногу ја користат вештачката интелегенција
30.05.2024
Во Европската Унија осум проценти од компаниите користеле технологии за вештачка интелигенција (ВИ) за да го водат својот бизнис, објави Евростат.
Најголем дел од компаниите со 10 или повеќе вработени, кои користат технологии за вештачка интелигенција, има во Данска (15,2 отсто), Финска (15,1) и Луксембург (14,4).
Најмал удел е забележан во Романија (1,5 отсто), Бугарија (3,6), како и во Полска (3,7) и Унгарија (3,7), пренесе „Евроњуз“.
Вештачката интелигенција во водењето на компаниите се однесува на системи кои користат технологии како пребарување текст, компјутерска визија, препознавање говор, генерирање на природен јазик, машинско учење и собирање или користење податоци за давање предвидувања, препораки или донесување одлуки.
фото freepic