Lifestyle

Во САД расте просечната старост на автомобилите

29.05.2024

Просечната старост на возилата кои ги користат американските граѓани достигна  рекордно ниво и изнесува 12,6 години. Просечната старост на автомобилите, камионите и џиповите во САД се зголемила за два месеца во споредба со минатогодишниот рекорд. Во 2023 просечниот век на автомобилите кои се движеле на американските патишта бил зголемен за три месеци.

Повеќето Американци не можат да си дозволат да набават нов автомобил, чија просечна цена изнесува 45.000 долари, иако цените се помали за повеќе од две илјади долари, пренесува „Гласот на Америка“.

Продажбата на нови возила во САД се враќа пред нивото на пандемијата во 2019 година. Се очекува, продажбата годинава да достигне околу 16 милиони возила. Во 2023 година во САД биле продадени 15,6 милиони возила, а во 2022 година биле продадени 13,9 милиони, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано