Lifestyle

Вештачката интелегенција ќе се одрази на работните места во ЕУ и САД

25.05.2024

Со забрзаното воведување на системот на вештачка интелегенција  во компаниите, многу вработени во Германија ќе мораат да се прилагодат на сериозните професионални промени. До 2030 година, во Германија на ваквите промени ќе бидат изложени до три милиони работни места, што е седум отсто од вкупниот број на вработени, покажало најновото истражување на глобалниот инситут McKinsey (MGI).

Според согледувањата на стручњаците од овој институт,  воведувањето на ВИ во Америка и во Европа може да доведе до автоматизација на речиси една третина од работните места. Сегашната изложеност на вештачката интелегенција во ЕУ е  околу 6,5 отсто од работните места, а до   2035 нејзиното учеството би  можело да се зголеми на 45 отсто.  

Потенцијалните ризици во наредниот период би се однесувале на тоа дека висококвалификуваните и натпросечно платените работни места тешко ќе се пополнуваат. Од друга страна, можен е вишок на работници во секторите со пониски плати.

Најголеми промени се очекуваат во канцелариското работење и  во во јавните институции.  Германија и Италија ќе бидат посебно погодени од примената на вештачката интелегенција, поради големиот број на вработени во административните и канцелариските служби. По нив најизложени се работните места во услужната,  продажната дејност и  во производството.

Позитивните ефекти за европската економија од примената на вештачката интелегенција ќе биде зголемување на продуктивноста за три отсто до 2030 година, пренесува „Бизлаив“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано