Lifestyle
Европските туристи патуваат повеќе
21.05.2024
Во 2024 година туристички патувања ќе бидат главните приоритети во трошењето на европските потрошувачи, кои ќе бидат подеднакво посветени на дестинации во Европската Унија и на други поддалечни релации, покажува најновиот извештај на Европската комисија за патување.
Патниците од Европа годинава ќе потрошат 743 милијарди евра, што е зголемување од 14,3 отсто во споредба со минатата година. Овој пораст е резултат на зголемените потреби за патување на луѓето и на високата инфлација. Европските туристи се одлучуваат и на подолги одмори, а бараат и нови искуства. Германија ќе биде главниот извор на годинашнава туристичка понуда со учество од 16 отсто во вкупната потрошувачка во Европа. Причината за тоа е одржувањето на Европското првенство во фудбал. Барана дестинација ќе биде и Франција поради Олимписките игри кои се одржуваат во Париз.
- Се предвидува раст на потрошувачката од 13 отсто за Париз и 24 отсто за цела Франција. Европското првенство во фудбал ќе биде организирано во девет градови, кои ќе остварат дополнителни приходи од туризмот, се наведува во извештајот на ЕТЦ.
Европската туристичка индустрија се соочува со два главни проблема како што се инфлаторните притисоци и геополитичката безбедност. Војната во Украина се уште има влијание на туристичкиот сектор во Централна Европа. Влијание има и војната меѓу Израел и Палестина. Во првото тримесечие годинава патувањата на израелските туристи во Европа се намалени за 54 отсто во однос на минатата година.
Мигел Санз, претседател на ЕТЦ, очекува потрошувачката на европските туристи да бидат зголемени ширум Европа.
- Сепак високите цени и геополитичките ризици остануваат клучни пречки за туризмот, изјави Санз.
Европската туристичка индустрија доживува силно заздравување во првите три месеци од 2024 година. Бројот на туристичките посети ги надмина резултатите од 2019 година за 7,2 отсто, а за ноќевањата за 6,5 отсто. Позитивниот тренд е поттикнат од внатрешните регионални патувања во Германија, Франција, Италија и Холандија, што е поврзано со големата побарувачка за патување од граѓаните од САД, пренесе „Политика“.
фото freepic