Lifestyle

Во која земја од ЕУ се живее најдолго?

10.05.2024г.

Во Шпанија се живее најдолго од земјите во ЕУ

Граѓаните во Шпанија во просек живеат 84 години и оваа медитеранска земја има најдолг животен век меѓу 27 членки на Европската Унија. Аналитичарите сметаат дека на високата старосна граница кај Шпанците влијае начинот на живот на граѓаните и тие помалку консумираат тешки алкохолни пијалоци, имаат солиден јавен здравствен систем и со својата политика настојуваат да ги намалат бројот на сообраќајни несреќи.

-       Во медитеранските земји се посветува значење на општетсвениот живот а луѓето излегуваат почесто од скандинавските земји, вели Мануел Ангуита, претседател на Здрушението на кариолози во Шпанија.

На второ и трето место се Италија со просечен животен век од 83,8 години, а Малта просечниот живот на граѓаните е 83,6 години. Во Хрватска  луѓето живеат под просекот или 78,8 години. На долната старосна граница се Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија со просечен живот од 75,8 години, пишува весникот „Вијести“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано