Lifestyle
Италија воведе електронска виза за дигиталните номади
04.05.2024г
Италија е последната земја од Европската Унија која воведе дигитална номадска виза и им овозможи на луѓето кои работат од далечина да останат да работат во земјата без да поседуваат пасош на Европската Унија. За добивање на италијанска виза лицата треба да бидат висококвалификувани и да извршуваат висококвалификувани работни активности со користење на технолошки алатки кои им овозможуваат да работат од далечина, како фриленсери, соработници или вработени во компаниите, информира „Еуроњуз“.
Кандидатите за добивање на оваа виза мораат да бидат со слободен работен статус или да се на платниот список на компанијата, а нивната годишна заработка да изнесува најмалку 28.000 евра. Овој приход може да потекнува и од други извори, а не само од работата на далечина.
Кандидатите мораат да имаат и факултетска диплома или професионална лиценца за својата работа, или да поднесат документација со која би го потврдиле своето искуство. Како услов се поставува да имаат и шест месеци работното искуство во областа во која закаат да работат на далечина. Кандидатот за номадска виза мора да има доказа за можност за сместување во Италија и доказ за здравственото осигурување во земјата.
Италија ги следи земјите кои нудат визи за дигиталните номади за да го забрза економскиот развој привлекувајќи странски работници со високи приходи. Како пример е Јапонија која ги отвори вратите за дигиталните номади кои заработуваат повеќе од 63.000 долари годишно.
фото freepic