Lifestyle
Во Србија има над 1.000 дестилерии за ракија
23.04.2024г
Во Србија има повеќе од илјада регистрирани дестилерии, а според податоците на Стопанската комора на Србија, годишното производство на ракија изнесува околу 50 милиони литри ракија. Од нив 30 милиони литри се произведени од дестилериите кои се регистрирани во Министерството за земјоделсство, додека 20 милиони литри ракија се произведува за лична потреба.
Србија има светла перспектива во производството на ракија, истакнува Бранко Поповиќ од Институтот за овоштарство во Чачак.
- Српските сорти на слива се застапени во поширокиот регион. Институтот сериозно се посвети на зачувување на нашите стари автохтони сорти на слива и други овошја, кои претставуваат суровина за производство на врвни ракии, изјави Поповиќ.
Според податоците на сајтот „Пословни Инфостуд“, најголем број на производители има во Златиборскиот, Шумадискиот и Расинскиот округ, а меѓу најпопуларните ракии се сливовица, и ракиите од крушка и дуња.
фото freepic