Lifestyle
Црна Гора подготвува нов ценовник за изнајмување на плажите
12.04.2024г.
Од плажа во Будва се остварува приход од 1,2 милиони евра!
Во државниот буџет на Црна Гора годинава со примената на новиот ценовник за закуп на плажите ќе се слеат 14 милиони евра, додека минатата година приходот изнесувал седум милиони евра. Министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот Јанко Одовиќ соопшти дека новиот ценовник ќе се применува од октомври годинава, поради доцнењето на планот за привремени објекти, што е основа за да се направат договорите за издавање на плажите под концесија.
Цените за закуп на плажите за хотелите ќе останат непроменети, додека за останатите плажи ќе има промени во зависност од минатогодишната добивка и екслузивноста на локациите. Плажите ќе бидат поделени во три категории и ќе се изнајмуваат по различни цени.
Министерот Одовиќ нагласи дека промените во овој сектор се неопходни и поради можноста од финаниски „нерегуланости“ во прикажувањето на приходите. Како што изјави тој на средбата со новинарите во Црна Гора, една од плажите во близина на Будва минатата година остварила приход од 1,2 милиони евра, додека Голема плажа во Улцињ прикажала приход од 600.000 евра, објави „Вијести“.
Од Стопанската комора на Црна Гора и сегашните закупувачи имаат барање за продолжување на закупот на плажите од пет на десет години. Од ресорното министерство најавија и воведување на систем на бодување со носење на нов просторен план за плажите.