Lifestyle

Награда од 50.000 долари за олимписките шампиони во атлетика

11.04.2024г.

Олимписките шампиони во Париз ќе бидат наградени со 50.000 долари, а за оваа намена ќе издвои 2,4 милиони долари, објави Светската атлетска асоцијација, со што атлетиката станува прв спорт во кој се воведуваат парични награди на Олимписките игри.
Светската атлетика најави и проширување на наградувањето на освојувачите на сребрени и бронзени медали на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Спортистите ќе мораат да поминат низ вообичаената антидопинг контрола пред да ги добијат парите за наградата, соопштија од Светската атлетика.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано