Lifestyle
Туристичкиот промет во 2024 година ќе достигне нов рекорд
06.04.2024г.
Туризмот и индустријата за патување во 2024 година ќе ги надмине досегашните рекорди и на глобалниот БДП ќе му донесе повеќе од 770 милијарди американски долари, се прогнозите на Светскиот совет за патување и туризам. Во истражувањето на оваа организација која ги застапува интересите на приватниот и јавниот сектор во областа на туризмот, се предвидува дека туристичкиот промет ќе биде надминат во 142 земји од анализираните 185 земји.
Истражувањето покажало дека овој сектор нуди многу можности и опфаќа 348 милиони работни места во светот. Ова е пораст за 13 милиони работни места во споредба со предпандемиската 2019 година, кога беше остварен последниот рекорд во туристичкиот промет во светот.
- - Сепак, постои ризик затоа што САД и Кина поспоро заздравуваат во туризмот во однос на другите земји во светот каде туристите се враќаат многу побрзо, вели Џулиа Симпсон, претседателка и главна извршна директорка на Светскиот совет за патување и туризам, пренесува Н1.
фото feeepic