Lifestyle

Градските власти на Венеција сакаат да ги намалат „еднодневните“ туристи

06.04.2024г.

Венеција ќе наплатува пет евра за влез во стариот дел на градот

 

Градоначалникот на Венеција вети дека за неколку недели ќе ја спречи гужвата во градот со примената на новата политика за влез за туристите кои престојуваат само еден ден. Од 25 април секој што ќе ја посети Венеција ќе плати пет евра за влез во историскиот дел на градот.

Засега не се познати деталите како ќе се примени новиот режим за посетата на еднодневните гости во Венеција. Градоначалникот Луиџи Бруњаро вети дека ќе се спроведат „поблаги контроли“, дополнувајќи дека ќе се избегнат долгите редови на туристите кои сакаат да платат за влез во Венеција. Според најавата на градоначалникот  посебни служби ќе вршат проверка на самото место дали туристите  го поседуваат соодветниот QR код.

-       Ова е експеримент што прв пат се воведува во светот. Нашата цел е од Венеција да направиме пристојно место за живот, изјави Бруњаро.

Градските власти нема да го ограничуваат бројот туристи кои сакаат да ја посетат Венеција. Во екот на туристичката сезона околу 100 илјади туристи преноќуваат во градот, а дополнителни десетина илјади лица претстојуваат само еден ден, пренесува Бизлаив.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано