Lifestyle

Во Хрватска стапуваат поостри казни за напуштање на домашните миленичиња

02.04.2024г

Една година затвор за напуштање на милениче

Во Хрватска од денеска стапуваат измените на Казнениот закон со кој се зголемуваат казните за напуштање на домашното милениче на улица. Сопственикот на животното ќе добие казна до една година затвор, односно до две години доколку напуштањето предизвикало смрт на животното или се напуштени поголем број на животни.  Напуштањето на домашните миленици, на домашните или дивите животни, граѓаните можат да го пријават директно во полиција или општинско обвинителство.

-       Новите законски измени ќе ги одвратат луѓето да ги напуштаат животните и ќе ги принуди да бидат повнимателни пред да одлучат да згрижат некое домашно милениче. Исто така, сопствениците на миленичиња поодговорно ќе се однесуваат  и кон контролата за размножување на животните  и правовремено ќе реагираат пред да одлучат да ги напуштат кучињата и мачките, велат од здружението Пријатели на животните.

Од 2 април 2024 година стапуваат на сила и казните за мачење и убивање на животните и за овие дела е предвидена казна до три години затвор, објави „Индекс“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО