Lifestyle

Жителите од Јужна Америка најдолго време поминуваат на интернет

01.04.2024г.

Бројот на корисниците на интернет во светот се зголемува со голема брзина. Само четири земји во светот имаат покриеност од 99 отсто од територијата со интернет. Тоа се: Ирска, Норвешка, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

Во светот во просек од 59,9 до 68,3 отсто од населението е онлајн поврзано, а Кина е единствената земја со над милијарда корисници на интернет. Една четвртина од корисниците на интернет живееат во Азија и во северна Европа. Скандинавските земји имаат најголема стапка на користење на интернет или 97,4 отсто од населението, додека во САД таа изнесува 90 отсто од населението.

Најмногу време на интернет мрежите поминуваат жителите на Јужна Америка, во просек од девет часа и 38 минути дневно. Меѓу „рекордерите“ кои  поминуваат најмногу време на онлајн мрежите се граѓаните на Бразил, Филипини, Аргентина и Колумбија .

Три четвртини од жителите на Кина секојдневно го користат интернетот. Индија е на второ место со 49,15 отсто од населението, а во оваа земја 692 милиони жители користат интернет. На трето место е САД со 311,3 милиони корисници или 93 отсто од населението.

Северна Европа има најголема стапка на покриеност со интернет 97,4 отсто, а источна Африка најниска со 23,1 отсто.

Според најновите податоци, околу 2,85 милијарди луѓе воопшто не користат интернет. Овој процент е најголем во Јужна Азија, околу една милијарда луѓе. Поединечно по земји, Индија е земја со најбројно население кое не е поврзано на интернет мрежата или 51,3 отсто не користат интернет, пренесува „Политика“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО