Lifestyle
Во Данска почна ескпериментот со четиридневна работна недела
01.04.2024г.
Пократка работна недела, со подолги работни денови!
Во Копенхаген почна да се применува експеримент за воведување на четиридневна работна недела што ќе се спроведува до крајот на годината. Во експериментот учествуваат вработените во 14 компании, а по пробниот период, четиридневната работна недела може да биде трајно воведена, објави данскиот јавен сервис ДР.
Менаџерот во една од фирмите во Данска Јонас Амитсбол се надева дека промената на работното време може да има позитивни ефекти.
- Вработените ќе добијат неколкукратни слободни денови, кога ќе можат да ја обноват енергијата и потоа да можат да бидат свежи и одморени за новата работна недела, изјави Амитсбол.
Воведувањето на пократката работна недела подразбира подолги работни денови, а ова може да биде предизвик за работаодавачите и за вработените.
- Ментално потешките работи мора да се работат на почетокот на работното време додека луѓето се уште се свежи, а потоа да се ангажираат на полесни работни задачи кон крајот на работниот ден, појаснува Амитсбол, пренесуваат локалните медиуми во Данска.
фото freepic