Lifestyle
На продажба хрватски остров за 3,2 милиони евра!
14.03.2024г.
Една хрватска агенција за недвижности во своите огласи нуди и продажба на мал остров во Јадранското Море по цена од 3,2 милиони евра. Станува збор за Велики Шкољ во Малостонскиот залив, со површина од 21.677 квадратни метри. Агенцијата која го огласила за продажба, тврди дека островчето е иделно место за венчавки, за уживање во школки и за посета на островските фарми за школки, за приватни забави, за деловни состаноци и тим билдинг настани, како и за едноднево изнајмување на островот за други настани, пишуваат хрватските медиуми.
На идните купувачи на островот им се нуди можноста за изградба на уште една камена куќичка на островот на просторот со насади на маслинки или одржување на семејно стопанство. Како поволност за купувачите им се нуди целосна приватност и можноста за развој на различни проекти.
На островот има борова шума која нуди уживање во ладовина, како и камена куќа која е изградена пред 1968 година, а островот има и извор на питка вода, пренесува Пословни.хр.
Според хрватското законодавство, морското добро не влегува во категоријата на приватна сопственост, бидејќи станува збор за општо добро, па затоа е забрането да се гради на островот, објави порталот Морски.хр.
фото Морски.хр.